Плагијати

Систем за анализа и пронаоѓање на плагијати во трудови


Овој систем овозможува лесно и ефикасно откривање на трудови што претставуваат плагијати на веќе објавени, оценувани или презентирани трудови. Системот има цел да овозможи едноставен и интуитивен интерфејс за поставување на трудови. Студентите и истражувачите/научниците можат лесно да ги поставуваат своите домашни, семинарски, дипломски, магистерски, докторски и останати типови на научни и стручни трудови. Притоа, овозможен е механизам за споредба на поставените трудови со постоечки трудови и проверка на нивната оригиналност, односно, дали дел од содржините веќе се објавени и претставуваат копија од некои други содржини.